Шведскиот Volvo го претстави новиот член на серија 60 – V60 Cross Country

Како и предходникот, а исто како и поголемиот V90 Cross Country, V60 Cross Country го комбинира караванскиот стил на Volvo со можнотите на еден SUV модел.

Со 75 mm повисок клиренс во споредба со стандардниот V60, Cross Country доаѓа со погон на четири тркала веќе во стандардниот пакет, како и со контрола на движење по нагорнина и специјален мод за теренско возење.
Покрај тоа, Volvo новиот V60 Cross Country го опремил и со автоматско сопирање City Safety, како и предупредување за сообраќаен метеж на патот.

Од другите безбедносни системи, тука е Pilot Assist системот на Volvo, која помага при управување, забрзување и сопирање со брзини до 130 km/h, проследено со предупредување за застој во сообраќајот.

Новиот V60 Cross Country првично ќе биде понуден само со T5 2.0-литарски турбо бензински агрегат со 250 КС заедно со автоматика со осум степени.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1Q7N9_u1Sxd8N909hSo-7op7Wg6ULqEG4″ mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber” downloadrole=”all” showfolders=”0″ previewinline=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Шведскиот производител најави дека V60 Cross Country подоцна ќе биде понуден и со хибриден погон, најверојатно со верзија S60 T8 која располага со дури 400 КС.

https://www.youtube.com/watch?v=K_PiPANGU1s