Новиот Fiat 500X: Враќање во иднината / ФОТО+ВИДЕО
Со ново лице, погонски агрегати и многу побогатата опрема, Fiat 500X ја презема улогата на предводник на целата гама
Италијанскиот кросовер поминал низ третман на подмладување и детално обработен влегува во новата моделска година. За разлика од некои конкуренти, во Fiat не застанале само на естетски новини и ситници како дизајн на нови фелни, туку се одлучиле за промена и на содржината. Треба да се споменат опционалните LED светла, повеќе хром и поатрактивен дизајн на браниците.
Така со овој модел, на сцена доаѓа нова генерација на турбо бензинските мотори кои не само што се 20% поекономични, туку и пропорционално потивки, а тоа за агрегатите со три цилиндри значи многу.
Од компанијата велат дека се направени 75.000 часа симулација, 60.000 часови тестирање и над 5 милиони километри возење за развој на новата генерација на турбо мотори. Понудата стартува со 3-цилиндри и 1.0 литри волумен односно 120 КС и 190 Nm во комбинација со менувач со шест брзини. Цилиндер повеќе има во 1.3-единицата со 150 КС и 270 Nm, но со DCT менувач. 1.6 E-torq со 110 КС останува во понуда.
На располагање се и три дизел мотори од Multijet II серијата, а почнуваат од 1.3-единица со 95 KS и 200 nm, па преку 1.5 (120 КС и 320 Nm) до 2.0 HP мотор со 150 Nm и 350 и опционални AWD.
Новото издание вклучува и побогата опрема, како безбедносна (систем за препознавање на знаци и слично), како и онаа за задоволство од 7 инчи Uconnect систем. Понудата е замислена преку три нивоа: Urban, City Cross и Cross. Секако, целосно рестилизирана е и внатрешноста.
Во Fiat одлучиле да го искористат филмот класика или франшизата Враќање во иднината, за да го промовираат новиот модел. Како сето тоа изгледаше погледнете во приложеното видео.