Се повеќе сопственици на Tesla размислуваат за Porsche
И додека сите мислеа дека германските премиум „играчи“ ќе бидат првите што ќе и застанат на патот на Tesla, се чини дека првиот вистински ривал доаѓа од Porsche
Откако се појави пред неколку години, Mission-E се чини дека ја обзеде имагинацијата на сите оние кои сонуваат за совршен спортски автомобил, но со електричен погон. Секоја чест на Tesla, но кога станува збор за возење, долгогодишното искуство е многу важно. А Porsche секако го има. Згора на се, зачинето со електричен погон, феноменален дизајнот и одлични услови.
Во меѓувреме Mission-E стана Taycan и не е неопходно да се одвои богатство за да се направи нарачката. Доволно е да се плати околу 2.100 евра.
Токму ова е направено од еден сопственик на Tesla Model S од Норвешка, кој одлучил да си резервира Taycan на невидено. Џим Роџер Јохансен бара нешто повеќе, а Tesla Roadster со цена од 200.000 долари е недостижен. Тука доаѓа Taycan, за кој на листата на потенцијални купувачи се запишале тој и уште 2.300 други Норвежани, а многу од нив, наводно, веќе возат Tesla.
Taycan одлично ќе го пополни просторот помеѓу 911 и Panamera, а таква ќе му биде и цената. Стартната ќе биде околу 90.000 евра.