Новиот Jeep Wrangler е најспособниот Wrangler модел некогаш, кој донесува највисоко ниво на удобност и контрола за секојдневна употреба

Понудата е составена од два активни, по барање постојани системи за погон на сите четири тркала – Command-Trac и Rock-Trac, осовина од следната генерација, Tru-Lock електричен систем за заклучување на предниот и задниот диференцијал, Trac-Lok диференцијал за ограничено пролизгување и електронски регулирана стабилизациона шипка.

Модерниот дизајн кој го задржува автентичниот стил на легендарниот Wrangler со неколку нови комбинации на покрив кои овозможуваат поголема слобода со отворен покрив.

Понудата во Европа вклучува два нови мотори – 2.2-литарски MultiJet II турбо дизел и 2.0-литарски турбо бензинец. Овие два мотори се приклучуваат на 3.6-литарскиот V-6 Pentastar агрегат кој е достапен само на пазарите надвор од Европа, вклучувајќи го и Блискиот Исток. Сите мотори кои доаѓаат со Wrangler се спарени со автоматски менувач со 8 брзини и опремени со технологија Start-Stopr (ESS).

Напредните технолошки содржини вклучуваат LED предни и задни светла, нов систем UConnectTM со Apple CarPlay и Android Auto апликации и избор на екран на допир од 5, 7 и 8,4 инчи со опција за „фати и отпушти“.

Широкиот спектар на системи за безбедност и сигурност, вклучува систем за мониторинг на мртвиот агол со систем за предупредување на патот од позади (Blind-spot Monitoring & Rear Cross Path detection). Тука е и задната камера за поддршка при паркирање со динамични оквирни линии (ParkView), електронскиот систем за контрола (ESC) со систем за стабилизација на возилото (electronic roll mitigation) и четири стандардни воздушни перничиња.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1aEfHb_OAlU5cyxu59fkS7646BXPIqJZf” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Моделот во Европа ќе биде достапен од септември во Sport, Sahara и Rubicon верзии на опрема со две или четири врати. Моделите во верзијата Sahara можат да бидат опремени со ексклузивниот пакет Overland.