Daimler во тесно – „половина“ гама во проблем
По откритието на германското сообраќајно тело KBA на пет нелегални „самопоништувачки“ уреди за контрола на емисиите на издувни гасови во бројни нови Euro 6 погонски единици на Daimler, дизел скандалот поврзан со оваа компанија добива епохални размери, а нови детали излегуваат по вчерашната средба меѓу претставниците на Daimler и државните власти на Германија
Der Spiegel и Bild am Sonntag пренесуваат дека, според нивните сознанија, спорни се бројни модели на Mercedes игра, а не само Vito, С и G класата, како што првично се тврдеше.
Сега германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер, вели дека отповикот ќе вклучува 238.000 возила во Германија, со 774.000 дополнителни единици низ Европа. Покрај тоа, министерот за прв пат споменува дека проблематичен е и кросоверот GLC со дизел мотор.
Скандалот што се случува веќе се движи во насока која може да биде многу драматична. Евентуалната смена на првиот човек на Daimler би било дури и најбезболна импликација.
Според она што се знае за состанокот, еден од адвокатите од тимот на Дитер Цетче во разговорите со државните органи, дискретно го информирал министерот за транспорт, дека ако државните власти инсистираат на нелегалност на софтверот во дизел линијата на Mercedes-Benz, тогаш vo невозможна ситуација ја доведуваат практично целата германска автомобилска индустрија. Со други зборови, импликацијата е дека сите германски производители користат ист софтвер, што е тешко да се поверува, со оглед на фактот дека неодамна, BMW доби зелено светло од американските власти за нивните дизел мотори кои се продаваат во САД.
Од оваа причина, Daimler излегол со предлог компанијата доброволно да ги повлече и да ги санира последиците предизвикани од нелегалниот софтвер, во проблематичните модели Vito и Sprinter (кој има особено катастрофални резултати во поглед на емисиите), додека за возврат побарал „аболиција“ за сите други „контроверзни“ единици.
Der Spiegel и Bild am Sonntag наведуваат дека нелегален софтвер поседува и Ѕ-класата. Фрапира тоа што преку овој предлог, Daimler како да кажува дека речиси сите модели од гамата најверојатно имаат нелегален софтвер, а за кои германските инспекциски органи, дури и не се сомневале.
На барање на новинар од Der Spiegel, од Daimler одбиle да дадат коментар и повикале на тајност на информации додека се одвиваат преговорите.
Сега се поставува прашање дали преку изјавата на адвокатот на Daimler дека сите германски производители користат ист систем за прочистување на издувните гасови, всушност се открива целосно нова шема за измама со овие поништувачки уреди. Дали е на повидок нов Dieselgate и тоа со пошироки размери ќе покажат наредните денови, месеци…