Германскиот производител објави фотографии и технички детали за новата, четврта генерација на X5, која во продажните салони доаѓа оваа есен

Во мај, BMW објави тизер видео во кое го најави новиот X5, за на почетокот на јуни веќе ни пристигнат и официјални фотографии и спецификации за овој SUV модел.

Претходната, трета генерација се произведуваше само 5 години или две години пократко од првата и втората генерација, кои на пазарот преживеаја по 7 години.

Споредбено со претходникот, новиот X5 е поголем во должина за 36 mm, поширок за 66 mm, но и повисок за 19 mm. SUV моделот сега има и поголем простор за патниците, бидејќи меѓуоскиното растојание е зголемено за 42 mm.

Германскиот производител се одлучил за еволутивен надворешен дизајн, а автомобилот има поцврст изглед во споредба со сегашниот BMW X5.

Решетката на ладилникот е значително поголема од претходно, адаптивните LED светла сега се стандардни за BMW SUV, а опционални ласерски фарови се исто така достапни. Задната врата е изработена од два дела – горниот за помали и полесни работи, и долниот, кој се отвора надолу и ќе овозможува внесување на волуменозни предмети.

Командната табла е целосно дигитализирана и содржи два големи 12,3-инчен екрани – на предната страна на возачот ги заменува класичните аналогни инструменти, а вториот централен е дел од мултимедијалниот систем.

Предните седишта, како стандард, имаат функција за греење и електро подесување, додека вентилацијата и масажа се достапни како опција. Меѓу богатите додатоци тука е премиум системот Bowers & Wilkins од 1.500 вати, со 20 звучници.

Новиот X5 има багажен простор кој во стандардна конфигурација, со два реда на седишта има волумен од 645 литри, а со преклопување на задните седишта се добива максимален волумен од 1.860 литри.

Моторизација

На почетокот моделот ќе биде достапен со четири мотори – два бензински и два дизели.

Основната бензинска верзија ќе биде 3.0-литарски агрегат со шест цилиндри и турбополнач, со 340 КС (250 КС) и 450 Nm. Опремен со овој мотор, Х5 ќе биде во можност од нула до стотка да забрза за 5,5 секунди, додека максималната брзина е 243 km/h.

Клиентите кои сакаат помоќен мотор, на располагање ќе имаат xDrive50i Х5 погонет со твин-турбо 4.4 V8 единица со 462 КС (350 kW) и 650 Nm. Автомобилот од 0 до 100 km/h ќе забрзува за само 4,7 секунди, со максималната брзина од 250 km/h. Од BMW велат дека оваа верзија нема да биде достапна на европскиот пазар.

И покрај сегашните контроверзии околу дизел моторите, BMW заржува два вакви агрегати, главно поради потрошувачите во Европа.

Базниот 3.0-литарски 6-цилиндерски со турбо-полнач испорачува 265 КС (195 kW) и 620 Nm максимален вртежен момент.

Најмоќната верзија на европскиот пазар, со појавата на новиот X5 M, X5 M50d ќе биде опремена со 3.0-литарски 6-цилиндерски дизел мотор со четири турбополначи. Максималната моќност на моторот е 400 КС (294 kW), а максималниот вртежен момент е 760 Nm. BMW X5 M50d од 0 до 100 km/h забрзува за 5,2 секунди, пред да достигне максимум од 250 km/h

Сите мотори се поврзани со осум-брзински автоматски менувач. BMW новиот X5 подоцна ќе го понуди во уште неколку варијанти, вклучувајќи го и plug-in хибридот и X5 M.

Германскиот производител ќе им понуди на клиентите опционална адаптивна M Professional суспензија која вклучува насочување на сите четири тркала, но, и доплатен систем за воздушна суспензија, која овозможува прилагодување на висината на суспензијата во опсег од околу 40 mm.

Меѓу бројните системи за помош понудени од страна на новиот X5 се предупредување за појава на други возила во мртвиот агол, предупредување за ненамерно менување на лентата кога возилото се движи, алармирање на возачите во случај на опасност од фронтален и судир позади, систем за откривање на пешаци на патот, како и технологија за да се спречат несреќи во урбани услови при возење.

На располагање е и опционален полу-автоматски автопилот, Active Driving Assistant Professional, кој се вклучува при движење во сообраќаен метеж во градовите

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1R1Ax7WPCaDkxpGMkXBUtTi0e7g5CReJx” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Светската промоција на новиот BMW X5 ќе се одржи на Саемот за автомобили во Париз во октомври, а цените ќе бидат познати пред почетокот на продажбата.