Со десет години доцнење во однос на пионерот во кросовер купе сегментот од баварскиот производител BMW, Audi конечно го претстави својот адут во оваа класа, моделот Q8

Новитетот ќе биде врв во моделната Q гама на Audi нудејќи им го на клиентите, како што велат компанијата, „најдоброто од двата света:. елеганција на купе со пет врати и практичност на кросовер“.

Возилото според димензии е блиску до димензиите на досегашниот предводник на Q серијата – моделот Q7, но делува пониско поради опаѓачката кровна линија. Со оглед на фактот дека помеѓу предната и задната оска има речиси три метри, сосема е логично просторот резервиран за патници да го има во изобилство, а токму тоа го велат и од Audi потврдувајќи дека ги надминале своите главни конкуренти, BMW X6 и Mercedes-Benz GLE Coupe.

Багажниот простор исто така е импресивен и нуди 605 литри, а со преклопување на вториот ред седишта, се обезбедува цели 1.755 литри за багаж.

Визуелно, новитетот го поседува специфичниот стилски израз на производителот од Инголштад, промовиран минатата година, со лансирањето на луксузниот седан Audi A8. Впечаток остава решетката на ладилникот од еден дел која се карактеризира со шест вертикално поставени хромирани решетка. Тука се и елегантните светлосни групи со LED матрикс технологија.

Гледано од страна, масивниот C-столб е доминантен. Задните светлосни групи исто така користат LED технологија, а тука е со стил интегрираниот спојлер.

Инспирацијата за внатрешноста нормално е влечена од моделот A8. Централната конзола содржи два екрани на допир преку кои возачот доаѓа до информации за возилото и за актуелните состојби во сообраќајот, а ги користи и многуте функции на инфозабавниот систем и клима уредот.

Од Audi ветуваат дека Q8 ќе поседува одлични возни карактеристики, благодарение на високото учество на алуминиум користени за изработка на платформата. Таканаречениот Audi Space Frame користи околу 15% лиен алуминиум и 14,4% од челик со висока цврстина. Употребата на такви материјали овозможила Audi Q8 да тежи само 2.145 килограми. Овие податоци се однесуваат на верзијата со три-литарски TDI мотор. Коефициентот на отпро на новитетот е одличен – 0,34.

Што се однесува до V6 дизелскиот мотор, треба да се забележи дека користи технологија на лесен хибрид со литиум-јонска батерија. Овој систем на возилото му овозможува движење со брзина до 160 km/h, со повремени исклучена погонска единица. При забавување, можн е регенерирање до 12 киловати енергија.

Верзијата која користи 3.0 V6 TDI мотор, и ја носи ознаката Q8 50 TDI испорачува 286 КС со 600 Nm вртежен момент. Моќта на сите четири тркала се пренесува преку осум брзинска Tiptronic автоматска трансмисија. Забрзувањето до сто километри на час е 6,3 секунди.

Во првиот дел од 2019 година, изборот на агрегати за Q8 ќе биде проширен. Купувачите ќе можат да изберете ист мотор но со помалку моќност, како и бензинска верзија 3.0 TFSI, која ќе испорачува 340 коњски сили.

Во салоните низ Европа, Audi Q8 пристигнува оваа есен.