Во автомобилскиот свет, често се случува одреден модел да користи погонски агрегат од друга компанија

Има многу случаи, а се однесуваат најчесто на компании кои припаѓаат на некој голем концерн, како на пример Volkswagen или Renault-Nissan.

Сепак има и производители кои соработуваат, а се со сосема различни филозофии, разменувајќи технологија, мотори, платформи и компоненти.

Во продолжение 10 такви впечатливи примери.

Mercedes-Benz A-Class (Renault)

Пред десетина години наназад тешко дека можеше да се поверува премиум-брендот Mercedes да се потпира на моќен агрегат на Renault. Меѓутоа, со премиерата на четвртата генерација на А-класата ова стана реалност. За моделот се нудат голем спектар на погонски агрегати, меѓу кои е 1.5-литарски дизел dCi од Renault, кој се користи и во Dacia и Nissan. Неговата моќност е 116 КС со 260 Nm.

Alfa Romeo Giulia QV (Ferrari)

„Набилданиот“ седан Alfa Romeo Giulia QV се позиционира како единствениот вистински ривал на германските компактни премиум-модели. Овој автомобил е опремен со 2.9-литарски V6 со 510 КС, кој е развиен од експертите на Ferrari.

BMW 116i (F20) (PSA)

Баварскиот бренд и францускиот концерн PSA соработуваат во развојот погонски агрегати од семејството EP. Станува збор за 1.4-литарски (EP3) и 1.6-литарски мотори (EP6), кои се среќаваат кај некои модели на MINI, BMW Серија 1 / Серија 3 и PSA Group.

Pagani Huayra (Mercedes-AMG)

Pagani Huayra е италијански суперавтомобил кој беше претставен во 2011 година Автомобилот е опремен со V12 агрегат кој се испорачува директно од Mercedes-AMG. Во зависност од верзијата, оваа единица развива различни нивоа на моќност. На пример, кај Pagani Huayra BC, моторот развива не помалку од 789 КС.

Smart ForTwo (Renault)

Малолитражниот Smart ForTwo е автомобил на концернот Daimler Group, кој е сопственик и на брендот Mercedes-Benz. Околу 60% од компонентите се идентични со оние во Renault Twingo. Малиот Smart е опремен со бензински мотори кои се користат во моделите на Renault и Dacia.

Aston Martin Vantage (Mercedes-AMG)

Неодамна британската марка официјално го претстави суперавтомобилот Aston Martin Vantage, кој се придвижува со 4.0-литарски V8 мотор на Mercedes-AMG. Истата моќна единица се користи и во голем број модели на германскиот бренд.

Lamborghini Huracan Performance (Audi)

Како што е познато, Lamborghini Huracan Performante е еден од најбрзите автомобили на Нирбургринг, а погонскиот агрегат во италијанскиот автомобил е V10 FSI од моделот Audi R8. Треба да потсетиме дека Lamborghini Huracan и Audi R8 се изградени на иста платформа.

Donkervoort D8 GTO-RS (Audi)

Погонот на спортскиот автомобил Donkervoort D8 GTO-RS користи 2.5-литарски 5-цилиндерски мотор со турбо од германската компанија Audi. Оваа моќна единица може да се најде и во модели како што се Audi RS3 и Audi TT RS.

Lotus Evora (Toyota)

Треба да се истакне дека Lotus Evora е еден од најстарите автомобили во оваа група, бидејќи на пазарот е уште од 2009 година Спортскиот автомобил се потпира на V6 погонски агрегат развиен од Toyota. Неговата моќ достигнува 436 КС во Lotus Evora GT430.

Toyota GT86 (Subaru)

Под хаубата на спортското купе Toyota GT86 е поставен 4-цилиндерски мотор, развиен од компанијата Subaru. Во случајот со Toyota GT86 има и „брат-близнак“ – Subaru BRZ. Двата модели го имаат истиот мотор кој развива 200 КС.