Маск на прашање на следбеник на социјалната мрежа Twitter за датумот на кој ќе биде откриен новиот Model Y одговори – 15-ти март

Првиот човек на компанијата Tesla понатаму објаснува дека го „измислил“ датумот бидејќи март му „звучи добро“. Сепак, дополнува дека ова е повеќе од реален датум со оглед на плановите на компанијата.

„Ние би можеле да го откриеме Model Y некаде во периодот помеѓу крајот на оваа година и средината на следната година, а 15 март звучи добро“, заклучува Маск.

Ако Tesla навистина го претстави Model Y на овој датум, тоа ќе биде една година пред очекуваниот почеток на производство на овој автомобил.

Маск уште минатата година најави дека Model Y ќе корист „неопислива“ платформа, но Tesla сепак одлучи дека тоа ќе биде архитектурата на кој е изграден и Model 3, со цел да се олесни развојот.

И покрај истата база, во Tesla имаат намера Model Y да биде значително понапреден од Model 3. Маск најави дека шасијата ќе има само 100 метри во споеви, за разлика од 1.500 метри кај Model 3 или дури 3.000 метри кај Model S.