VW вети дека ќе ги откупи своите дизел возила од купувачите, ако бидат забранети
Volkswagen тргна по стапките на BMW, кој воведе програма за откуп на своите дизел возила од клиентите, со цел да го намали стравот дека нема да можат да го возат својот автомобил ако дизел моторите бидат забранети во одредени области
Имено, со важност од следниот месец во Германија, гаранцијата која ја обезбедуваат овие два производители подразбира дека купувачите на нови и до една година стари возила ќе добијат дополнителна сигурност, а тоа значи дека производителите ќе ги откупат своите дизел возила од клиентите, ако дојде до тоа нивното возење да биде забрането во одредени делови од градовите. Исто така, корисниците ќе можат да го заменат своето возило за некое друго.
Сепак, користените возила кои компанијата VW ќе ги откупува ќе бидат проценувани односно, ако клиентите сакаат друго возило, веројатно ќе мора да доплатат ако е поскапо од сумата на која е проценето нивното возило.
Оваа гаранција ќе важи за нови автомобили купени од 1 април оваа година, а купувачите ќе имаат период од три години за да ја искористат оваа понуда.