Mazda пред Саемот на автомобили во Њујорк кој е во тек на интернет објави тизер фотографија и најави изненадување. За жал или не, изненадувањето и не е толку големо колку што некои можеби се надеваа, а се однесува за минимално рестилизираниот модел Mazda CX-3

Надворешниот дизајн на автомобилот презентиран во Њујорк е речиси идентичен со оној на моделот за 2018 година. Тоа веројатно воопшто не е лоша работа, бидејќи според многумина, CX-3 и понатаму е еден од најубавите автомобили во својот сегмент. Малите промени се однесуваат на маската (решетката) на ладилникот, дополнителните хромирани и црни детали, но и на новата боја Crystal premium боја на каросеријата. Рестилизирани се и задните светла  со LED технологија, а тука се и новите 18-инчни фелни.

Најголемите промени се однесуваат на салонот на автомобилот. На пример, сега има електронска паркирна сопирачка. Јапонскиот производител тврди дека ова „придонело за значително зголемување на просторот во салонот“. Како и да е, клиентите имаат ново копче со кое може да си „играат“. Всушност, електронската паркирна сопирачка, на инженерите од Mazda им овозможила во автомобилот да вградат потпирач за рака и да ја сменат положбата на држачот за чаши. Во салонот сега има повеќе кожа, а редизајнирани се и седиштата за да обезбедат подобра поддршка за грбот на возачот и патниците.

Што се однесува до погонските агрегати, Mazda CX-3 добила SKYACTIV-G бензински мотор од два литра кој развива 148 КС и 200 Nm вртежен момент, а кој е многу поекономичен од агрегатот претходно во овој модел. Тука е и опцијата G-Vectoring Control на Mazda, која обезбедува подобро управување.

[useyourdrive dir=”1XVcGpCn4Qc8wmV17kbec-0jm0SMRJK7R” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на Mazda CX-3 моделна 2019 година ќе започне оваа пролет.