Volvo XC60 – светски автомобил на годината!
Како и секоја година, така и оваа, стартот на автомобилскиот саем во Њујорк се обележува со конференцијата 2018 World Car Awards, на која за Светски автомобил на годината за 2018 е крунисан новиот Volvo XC60
Официјално претставен во март минатата година, адутот на шведскиот производител во сегментот во кој се наоѓаат и BMW X3, Audi Q5 и Mercedes-Benz GLC, победата ја однесе пред останатите два финалисти, Range Rover Velar и Mazda CX-5.
Во сегментот на луксузни автомобили, за титулата „најлуксузен модел на година“ во трка беа тројца членови на групацијата Volkswagen: Audi A8, Porsche Cayenne и Porsche Panamera. Наградата ја доби предводникот на производителот од Инголштад, новата генерација на Audi A8 која беше претставена минатата година, а која е помодерна и позрела од било кога досега.
Уште една голема победа за BMW M5, овој пат во категоријата „Најперформантен автомобил на годината“. Овој супер седан победата пред конкуренцијата ја носи не само поради својата моќ, туку и други области поврзани со перформансите, велат од жирито. Останатите финалисти во оваа категорија беа Lexus LC 500 и Honda Civic Type R.
Сепак, дека не е сè во моќноста, луксузот и најсовремената технологија, доказ е Volkswagen Polo, кој е прогласен за „Урбан автомобил на годината“. Наградата е во конкуренција на останатите два финалисти, а тоа се Suzuki Swift и Ford Fiesta.
Nissan Leaf е победник во трката за „Зелен автомобил на годината“ пред моделите финалисти, Chrysler Pacifica Hybrid и BMW 530e iPerformance.
Последната, но не и најмалку важна, е „наградата за најдобар дизајн“, а тука победник е Range Rover Velar пред конкуренцијата во финалниот круг, Volvo XC60 и Lexus LC 500.
[useyourdrive dir=”1xs2LPApUx3adGITZcxY06avI1bfCxjRG” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]