Volkswagen e-Golf е речиси распродаден
Од Волфсбург објавија дека електричната верзија на култниот модел „оди како алва“ во последно време
Генералниот директор на Volkswagen, Херберт Дис, вели:
„Продажбата на нашите електрични возила беше три пати подобра во 2017 година споредбено со 2016 година, а е-Golf е речиси распродаден, па сосема е јасно дека клиентите се подготвени да се префрлат на електрични автомобили во случај цената да е соодветна“.
Volkswagen има намера да лансира комплетна линија на електрични модели со ознака I.D., почнувајќи со хеџбе верзија, а потоа I.D. Crozz и Buzz.
Дис се осврнува и на планот на Volkswagen за изработка на полначи за дома, кои ќе бидат достапни во Европа.
„Нашата цел е возењето на електричен автомобил да го направиме едноставно, удобно и почисто, што е можно повеќе. Домаќинствата ќе ги снабдиме со решенија за полнење. Имено, нашиот Wallbox за куќа по цена од 300 евра ќе биде достапен за секого“.