На ред 69-то издание на најбрзиот циркус

2018 КОНСТРУКТОРИ И ВОЗАЧИ

Mercedes AMG Petronas F1

Основан: 1954 (обновен на место на Brawn GP од 2009)
Болид: Mercedes F1 W09
Мотор: Mercedes M09 EQ Power+ V6 t h 1.6
Број на трки: 168
Титули: 10 (6 за возачи и 4 конструктори)
Победи: 76
Подиуми: 154
Пол позиции: 88
Најбрз круг: 56
Бодови 2017: 668 (1)

Mercedes најавува нова успешна сезона и сака да се повтори минатата година, кога надмоќно ги освои титулите во двете конкуренции. Луис Хамилтон едноставно блескаше и стигна до својата четврта круна во кариерата. Вториот возач во тимот е Валтер Ботас, кој смета дека нема да биде сенка на Хамилтон годинава. Од Mercedes објаснија дека апсолутно сите сегменти на болидот од минатата година биле подложени на оптимизација, пред сè поради новите правила, со кој тимот ќе се обиде да ги зачува светските титули.

44 – Луис Хамилтон (Велика Британиjа)

• Роден: 07.01.1985 (Стивенејџ)
• Деби: 2007 (Мелбурн, McLaren)
• Број на трки: 208
• Победи: 62
• Подиуми: 117
• Пол позиции: 72
• Најбрз круг: 38
• Бодови: 2.810
• Шампион: 2008, 2014, 2015 и 2017
• Последна победа: 2017 ГН на САД
• Пласман минатата година – на прво место (363 бодови)

77 – Валтер Ботас (Финска)

• Роден: 28.08.1989 (Настола)
• Деби: 2013 (Мелбурн, Williams)
• Број на трки: 98
• Победи: 3
• Подиуми: 22
• Најбрз круг: 3
• Бодови: 716
• Последна победа – 2017 ГН на Абу Даби
• Пласман минатата година – на трето место (305 бодови)

Aston Martin Red Bull Racing

Основан: 2005
Болид: Red Bull RB14
Мотор: TAG Heuer V6 t h 1.6
Број на трки: 244
Титули: 8 (4 конструкторски, 4 за возачи)
Победи: 55
Подиуми: 148
Пол позиции: 58
Најбрз круг: 54
Бодови 2017: 368 (3)

Поранешните светски шампиони сепак одлучија повторно да имаат мотори на Renault, брендирани како TAG Heuer. Поради договорот за соработка на технички план како дел од тимот сезонава се јавува Aston Martin. Екипата ги задржа двајцата пилоти Даниел Рикиардо и Макс Верстапен, кои минатата година остварија солиден резултат пласирајќи се во конкуренција на конструктори зад лидерот Mercedes и Ferrari. Шефот на тимот, Кристијан Хорнер, најави дека 2018 ќе биде „плодна година” за тимот и додаде дека се надева на повеќе добри вести од лани.

3 – Даниел Рикардо (Австралиjа)

• Роден: 01. 07. 1989. (Перт)
• Деби: 2011. (В.Британија, HRT)
• Број на трки: 129
• Победи: 5
• Подиуми: 27
• Најбрз круг: 9
• Бодови: 816
• Последна победа – 2017-ГН на Азербејџан
• Пласман минатата година – на четврто место (192 бода)

33 – Макс Верстапен (Холандиjа)

• Роден: 30. 09. 1997 (Хазел, Белгија)
• Деби: 2015 (Australian Grand Priх)
• Број на трки: 58
• Победи: 3
• Подиуми: 11
• Најбрз круг: 1
• Број на бодови: 401
• Последна победа – 2017 ГН на Мексико
• Пласман минатата година – на шесто место (148 бодови)

Scuderia Ferrari

Основан: 1950
Болид: SF71-H
Мотор: Ferrari 063 V6 t h 1.6
Број на трки: 940
Титули: 31 (16 контсрукторски, 15 за возачи)
Победи: 228
Подиуми: 719
Пол позиции: 211
Најбрз круг: 240
Бодови 2017: 522 (2)

Себастијан Фетел и Кими Раиконен повторно ќе се обидат да го запрат победоносниот од на Mercedes. Креаторите на болидот велат дека имаат навистина голем адут, бидејќи се имплементирани многу храбри идеи, кои треба да ја намалат разликата со лидерите. Моторот на Скудерија сериозно е променет, а хибридниот систем е со покомпактни димензии. Новиот болид е комплетно редизајниран и нуди многу солидни перформанси. Има ли шанси Ferarri да го сопре деценискиот пост?!

5 – Себастиjан Фетел (Германиjа)

• Роден: 03. 07. 1987 (Хепенхајм)
• Деби: 2007 (САД, BMW Sauber)
• Број на трки: 199
• Победи: 47
• Подиуми: 99
• Пол позиции: 46
• Најбрз круг: 33
• Бодови: 2.425
• Шампион 2010, 2011, 2012 и 2013
• Последна победа – 2017 ГН на Бразил
• Пласман минатата година – на второ место (317 бода)

7 – Кими Раиконен (Финска)

• Роден: 17. 10. 1979 (Eспо )
• Деби: 2001 (Мелбурн, Sauber)
• Број на трки: 253
• Победи: 20
• Подиуми: 91
• Пол позиции: 17
• Најбрз круг: 45
• Бодови: 1.565
• Шампион 2007
• Последна победа – 2013 ГН на Австралија
• Пласман минатата година – четврто место место (205 бодови)

McLaren F1 Team

Основан: 1966
Болид: MCL33
Мотор: Renault R.E.18 V6 t h 1.6
Број на трки: 821
Титули: 20 (8 контсрукторски, 12 за возачи)
Победи: 182
Подиуми: 485
Пол позиции: 155
Најбрз круг: 155
Бодови 2017: 30 (9)

McLaren многу типува на болидот MCL33, со кој ќе се натпреваруваат Фернандо Алонсо и Штофел Вандорн. Според челниците од тимот новиот донаторот на мотори на McLaren, Renault кој пристигнува на местото на Honda, успеал да се справи со проблемите од минатата година и особено Алонсо ќе може да се потпре на посигурни и моќни агрегати за оваа сезона. Одредени модификации, согласно новите правила, конечно го прават болидот крајно конкурентен, веруваат во Вокинг.

14 – Фернандо Алонсо (Шпаниjа)

• Роден: 25. 07. 1981 (Овиедо)
• Деби: 2001 (Мелбурн, Minardi)
• Број на трки: 294
• Победи: 32
• Подиуми: 97
• Пол позиции: 22
• Најбрз круг: 23
• Бодови: 1.849
• Шампион 2005 и 2006
• Последна победа – 2013 Spanish Grand Prix
• Пласман минатата година – на 15 место (17 бодови)

2 – Штофел Вандорн (Белгиjа)

• Роден: 26. 03. 1992 (Котриџ)
• Деби: 2016 (Bahrain Grand Prix)
• Број на трки: 21
• Бодови: 14
• Пласман минатата година – на 16 место (13 бодови)

Sahara Force India

Основан: 2008
Болид: VJM11
Мотор: Mercedes M09 EQ Power+ V6 t h 1.6
Број на трки: 191
Подиуми: 5
Пол позиции: 1
Најбрз круг: 5
Бодови 2017: 187 (4)

Од Force India ветуваат далеку подобра сезона во однос на минататa година, која тимот ја заврши мошне успешно, на четвртата позиција. Се очекува Перез, па и Окон уште на стартот да тргнат фуриозно, во што подобри остварувања и резултати. Довербата за агрегатот е повторно во Mercedes, а модификациите на моторот на „сребрената ѕвезда“ и новата шасија, велат, се добро вкомпонирани.

11 – Серхио Перез (Мексико)

• Роден: 26. 01. 1990 (Гвадалахара)
• Деби: 2011 (Мелбурн, Sauber)
• Број на трки: 137
• Подиуми: 7
• Најбрз круг: 4
• Бодови: 467
• Пласман минатата година – на 7 место (100 бода)

31 – Естебан Окон (Франциjа)

• Роден: 17.09. 1996 (Евру)
• Деби: 2016 (Belgian Grand Prix, Маnor)
• Број на трки: 29
• Бодови: 87
• Пласман минатата година – на 8 место (87 бодови)

Williams Martini Racing

Основан: 1975
Болид: Williams FW41
Мотор: Mercedes M09 EQ Power+ 1.6 V6 t h
Број на трки: 694
Титули: 16 (9 конструкторски, 7 за возачи)
Победи: 114
Подиуми: 312
Пол позиции: 128
Најбрз круг: 133
Бодови 2017: 83(5)

Екипата од Гроув не беше на рамниште како од предминатата сезона, но ветува многу за претстојната. Фелипе Маса конечно замина во пензија, а годинава боите на тимот ќе ги бранат Ленс Строл и Сергеј Сироткин. Во пресрет на сезоната болидот претрпе големи измени кои навестуваат нова улога во шампионатот.

18 – Ленс Строл (Канада)

• Роден: 29.10.1998 (Монтреал, Квебек)
• Деби: 2017 (Мелбурн, Williams)
• Бодови: 40
• Пласман минатата година – на 12 место (40 бодови)

35 – Сергеj Сироткин (Русиjа)

• Роден: 27.08.1997 (Москва)
• Дебитант

Toro Rosso-Honda

Основан: 2006
Болид: STR13
Мотор: Honda RA618H V6 t h 1.6
Број на трки: 226
Победи: 1
Подиуми: 1
Пол позиции: 1
Најбрз круг: 1
Бодови 2017: 53 (7)

Италијанскиот тим и годинава се одлучи да го смени добавувачот на мотори. Јапонската Honda, која не забележа некои посебни резултати со тимот на McLaren, во иднина ќе биде дел од болидите на Toro Rosso. Исто така тимот се реши да им даде шанса на возачите како што беше напоменато „што доаѓаат“, на Пјер Гасли и на Брендон Хартли, бидејќи на зимските тестирања покажаа сосема солидни резултати. Но… Тестовите се едно, а трките друго…

10 – Пjер Гасли (Франциjа)

• Роден: 07. 02. 1996 (Руен)
• Деби: 2017 (Malaysia Grand Prix)
• Пласман минатата година – на 21 место (0 бодови)

28- Брендон Хартли (Нов Зеланд)

• Роден: 10. 11. 19 (Палмерстон)
• Деби: 2017 (USA Grand Prix)
• Број на трки: 4

Renault Sport Formula 1 Team

Основан: 1977
Болид: RS18
Мотор: Renault R.E.18 V6 t h 1.6
Број на трки: 341
Титули: 4 (2 контсрукторски, 2 за возачи)
Победи: 35
Подиуми: 100
Пол позиции: 51
Најбрз круг: 31
Бодови 2017: 57(6)

Очекувано болидот пред новата сезона добил одредени модификации и од спортскиот оддел на францускуиот производител најавуваат многу подобра сезона од ланската. Кон тимот се приклучи силна група на партнери, а на Нико Хулкенберг му се придружи Карлос Саинс, кој минатата година возеше за Tоro Rosso.

55 – Карлос Саинц jуниор (Шпаниjа)

• Роден: 01. 09. 1994 (Мадрид)
• Деби: 2015 (Australian Grand Prix)
• Број на трки: 60
• Број на бодови: 118
• Пласман минатата година – на 9 место (64 бодови)

27 – Нико Хулкенберг (Германиjа)

• Роден: 19. 08. 1987 (Емерих)
• Деби: 2010 (Бахраин, Williams)
• Број на трки: 137
• Подиуми: 2
• Пол позиции: 1
• Најбрз круг: 2
• Бодови: 405
• Пласман минатата година – на 10 место (43 бодови)

Alfa Romeo Sauber F1 Team

Основан: 1993
Болид: С 37
Мотор: Alfa Romeo 063 V6 t h 1.62
Број на трки: 352
Подиуми: 10
Најбрз круг: 3
Бодови 2017: 5 (10)

Екипата на Sauber освен што има нов болид – C37, сезонава го одбележува враќањето во F1 на италијанскиот бренд Alfa Romeo. Бојата на болидот е различна од минатогодишниот, со сериозно присуство на боите на новиот спонзор. Тимот ќе користи мотори на Ferrari со нова спецификација. Во тимот останува Маркус Ериксон, а му се придружува дебитантот Шарл Леклер.

9 – Маркус Ериксон (Шведска)

• Роден: 02. 09. 1990 (Кумла)
• Деби: 2014 (Мелбурн,Kateram)
• Број на трки: 76
• Бодови: 9
• Пласман минатата година – на 22 место (без бодови)

16 – Шарл Леклер (Монако)

• Роден: 16.10.1997 (Монако)
• Дебитант

Haas F1 Team

Основан: 2014
Болид: VF-18
Мотор: Ferrari 063 V6 t h 1.6
Број на трки: 76
Бодови 2017: 47 (8)

На ред е втората сезона за F1 тимот во сопственост на американскиот бизнисмен Џин Хаас, кој имаше добри мигови, но не и премногу забележителни резултати. Парнерството со Ferrari продоложува, па моторот и за оваа сезона е дело на Скудерија. Тимот е поискусен, ангажирани се и неколку врвни стручњаци, па се најавува далеку поуспешна сезона, а боите ќе ги бранат искусните Грожан и Магнусен.

8 – Роман Грожан (Франциjа)

• Роден: 17. 04. 1986 (Женева)
• Деби: 2009 (ГН Европа)
• Број на трки: 122
• Подиуми: 10
• Најбрз круг: 1
• Бодови: 344
• Пласман минатата година – на 13 место (28 бодови)

20 – Кевин Магнусен (Данска)

• Роден: 05. 10. 1992 (Роскилд)
• Деби: 2014 (Аустралија)
• Број на трки: 61
• Подиуми: 1
• Бодови: 81
• Пласман минатата година – на 14 место (19 бодови)