Ferrari и Philip Morris остануваат заедно
Philip Morris International Inc. (PMI) и Scuderia Ferrari го продолжија своето партнерство до 2021 година. Нивната успешна соработка трае повеќе од 40 години
Од сега па натаму, ова партнерство ќе се фокусира исклучиво на унапредување на идејата за свет без чад од тутун – свет во кој сите луѓе кои и понатаму ќе продолжат да пушат, да прејдат од најштетниот облик на конзумирање на никотин односно цигари, на научно потврдени подобри алтернативи.
Philip Morris сака да создаде глобална свест за можностите кои ги нудат иновациите, науката и технологијата за да се постигне свет без чад.
„Токму затоа се обврзавме да ги искористиме сите расположливи ресурси, вклучително нашите авто-мото активности, со цел да се забрзат оваа револуционерна промена за пушачите, јавното здравје и општеството во целина. Ние длабоко ја цениме поддршката на Scuderia Ferrari во овој потфат “, вели Андре Каланзопулос, управен директор на компанијата PMI.