Ова се трите финалисти во изборот за „Светски автомобил на годината 2023“ / ВИДЕО
Објавена е скратената листа на финалисти за овогодинешниот Избор на Светски автомобил на годината (2023 World Car of the Year), во неколку категории.
Кандидати за „Светски автомобил на годината“ се BMW X1/iX1, Hyundai Ioniq 6 и Kia Niro.
Номинациите за категоријата „Светски електричен автомобил“ ги вклучуваат BMW i7, Hyundai Ioniq 6 и Lucid Air, додека во потесниот круг на изборот на „Светски луксузен автомобил“ се вклучени BMW Серија 7/i7, Genesis G90 и Lucid Air.
Во категоријата „Спортски автомобил“, финалисти се Kia EV6 GT, Nissan Z и Toyota GR Corolla, додека три модели се најдоа на листата на кандидати за „Урбан автомобил на годината“, а тоа се Citroen C3, ORA Funky Cat и Volkswagen Taigo.
Во потесниот круг за категоријата „Светски автомобилски дизајн на годината“ се вклучени Hyundai Ioniq 6, Range Rover и Lucid Air.
Победниците ќе бидат објавени на меѓународниот салон за автомобили во Њујорк на 5 април.
World Car of the Year
- BMW X1 / iX1
- Hyundai Ioniq 6
- Kia Niro
World Electric Vehicle
- BMW i7
- Hyundai Ioniq 6
- Lucid Air
World Luxury Car
- BMW 7 Series / i7
- Genesis G90
- Lucid Air
World Performance Car
- Kia EV6 GT
- Nissan Z
- Toyota GR Corolla
World Urban Car
- Citroen C3
- ORA Funky Cat / Haomao
- Volkswagen Taigo/Nivus
World Car Design
- Hyundai Ioniq 6
- Land Rover Range Rover
- Lucid Air