Долгиот зимски распуст во Formula 1 полека привршува. Седум автомобили се веќе претставени, а на Денот на вљубените Ferrari во Маранело го претстави новиот SF-23 за тркачката 2023 година!

Болидот беше претставен без големо шоу во „црвениот храм“, односно Маранело, местото кое Ferrari го нарекува дом. За време на презентацијата се истакнуваше „La familia“ и големата страст во Маранело, а публиката достојно го испрати возбудливото шоу во Италија.

Тешко дека можеа да посакаат подобра атмосфера. Беше поставена трибина на која страсните „тифози“ го следеа настанот по прекрасно сончево време, а Карлос Саинц и Шарл Леклер брзо излегоа на сцената.

„Мислам дека 2022 година беше добар чекор напред по две тешки години (2020, 2021), завршив втор во шампионатот за возачи и навистина се возбуда го очекувам новиот автомобил. Се надевам ќе биде подобат, сакавме да ги поправиме слабостите, навистина се радувам на враќање во болиодот, а целта е јасна – напаѓаме победи!“

Чарлс Леклер

 

SF-23 е првиот болид на Ferrari во ерата на новиот шеф Фредерик Васер. Тој рече дека учи италијански и дека е убеден дека Ferrari го има она што е потребно за да победи.

„Денес сум навистина убеден дека имаме се што треба за победи. Секако, моето искуство е ограничено на последните две недели, но имаме се да направиме добра работа и имаме се што е потребно за победи.

Само погледнете ги резултатите во последните две децении, овде тркалото секогаш се врти и се е прашање на константен напредок“.

Фред Васер на презентацијата на SF-23 во Маранело

SF-23 веќе се појави и на патека

За разлика од другите конструктори, Ferrari не се „срамеше“ да го претстави новиот болид на патеката. Чарлс Леклер седна зад воланот и го проба SF-23 на тест патеката во Маранело.