Европскиот пазар на нови автомобили забележа нов последователен годишен пад во продажбата за 2022 година

Според податоците на JATO Dynamics за 30 пазари (ЕУ-26 + Велика Британија, Норвешка, Швајцарија и Исланд), обемот изнесува вкупно 11.309.310 единици, што е пад од 4,1% во споредба со 2021 година и најниско ниво од 1985 година.

Минатата година, пазарот регистрирал 674.000 единици помалку од 2020 година – кога пандемијата со Ковид-19 ги погоди европските економии – пад од 5,6%. Во споредба со 2019 година, вкупниот обем е намален за 29% со 4,5 милиони помалку регистрации на нови возила. 

„Недостигот на нови возила во дилерските салони, инфлацијата и енергетската криза, сето тоа се покажа како голем предизвик за веќе проблематичниот пазар минатата година. Последиците од пандемијата, проследени со недостигот на полупроводници во текот на 2021 и 2022 година, беа надополнети со руската инвазија на Украина и последователните зголемувања на цените на енергијата, што влијаеше на довербата и трошењето на потрошувачите, вели Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics.

Што купувале Европјаните? Кои марки и модели се најпродавани?

Најпопуларниот автомобил во Европа е Peugeot 208, кој конечно го симна од тронот традиционално најпопуларниот модел – Volkswagen Golf.

Интересно е што Golf не е ниту на второ, туку дури на петто место.

По градскиот Peugeot следи романската Dacia, поточно моделот Sandero, кој за 12 месеци успеал да го најде патот до 200.000 клиенти.

Боите на Volkswagen успешно ги одбранил T-Roc, кој годината ја завршил на подиумот меѓу трите најпродавани модели. Во елитата од десетте најпопуларни модели се и Fiat 500, Toyota Yaris, Opel Corsa, Hyundai Tucson, Dacia Duster и Renault Clio, кој имал непријатен пад на продажбата од 27 отсто во однос на 2021 година.

Што се однесува до марките, Volkswagen е на врвот, а по него се Toyota и двете германски премиум марки Mercedes и BMW.

Треба да се забележи тоа дека додека продолжуваат да играат помала улога во однос на уделот на пазарот, кинеските брендови – со исклучок на Volvo, Polestar, Lynk & Co, (дел од Geely Group) и вклучувајќи ја и MG – имаат значителен напредок во 2022 година. Меѓу сите автомобилски групи, овие брендови имаат најголем удел на пазарот, при што регистрациите скокнале од 66.100 единици во 2021 година на 152.400 единици минатата година.