По намалувањата на Tesla: Volkswagen објави дали ќе ги намали цените на своите автомобили!
VW сака да биде глобален лидер кога станува збор за електричните возила, а тоа сака да го постигне преку профитабилен раст
Групацијата Volkswagen не планира да нуди попусти на своите електрични возила за да се спротивстави на намалувањето на цените на Tesla, изјави извршниот директор Оливер Блуме. VW нема да учествува во ценовна војна со Tesla, изјави Блуме за Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
„Имаме јасна стратегија за цените и фокусирани сме на доверливост. Ние веруваме во силата на нашите производи и брендови. VW сака да биде глобален лидер кога станува збор за електричните возила, а тоа треба да се постигне преку профитабилен раст“, вели Блуме.
Во САД, Ford го следеше намалувањето на цените на Tesla со намалување на цената на кросоверот Mustang Mach-E.