Кризата наречена „недостиг на чипови“ попушта: Некои автомобилски производители работат со полн капацитет!
Чиповите станаа попристапни поради забавувањето на светските економии и инфлацијата, што пак ја намали побарувачката за потрошувачка електроника
Глобалниот недостиг на полупроводници кој ја измачуваше автомобилската индустрија речиси две години покажува знаци на олеснување, барем во периодов. По неколкумесечни прекини, Mercedes Benz, Daimler Truck Holding и BMW се меѓу производителите на автомобили кои сега добиваат доволно полупроводници за производство со полн капацитет.
Пресвртницата доаѓа порано отколку што очекуваа компаниите и ја означува светлината на крајот од тунелот за индустријата која се соочува со влошена економија и инфлација.
„Чиповите станаа попристапни поради забавувањето на светските економии и инфлацијата, што ја намали побарувачката за потрошувачка електроника која ги користи истите компоненти“, пишува Automotive News Europe.