„Сегашниот модел на дистрибуција нè чини околу 2.000 долари дополнителни по автомобил“, вели првиот човек на Ford

Првиот човек на Ford, Џим Фарли, вели дека електричните возила на марката би можеле целосно да преминат на онлајн продажба.

Во говорот на конференција на IBM, Фарли истакнал дека со тоа би престанало „ценкањето“ во салоните, но дека клиентите би профитирале со испорака на автомобилот до нивниот куќен праг.

„Дилерите на Ford, односно продажните салони повеќе нема да чуваат залихи, туку ќе служат како центри за корисничка поддршка за преземање на онлајн нарачките. Во тие простори, на клиентите ќе им обезбедиме услуги за сервисирање и поправка на возилата. Стандардите ќе бидат брутални и многу поразлични од денешните. Сегашниот модел на дистрибуција создава околу 2.000 долари дополнителни трошоци по автомобил во споредба со Tesla“, заклучува Фарли.

Како потсетување, една од најпопуларните иновации на Tesla е избегнувањето на традиционалните салони и директната продажба на клиентите.