Макс Верстапен го продолжи договорот со Red Bull и ќе биде дел од тимoт до крајот на 2028 година, соопштија од Red Bull

По потпишувањето на новиот договор со Red Bull, Верстапен не го криеше својот ентузијазам и си постави за цел да го задржи бројот 1 на болидот што е можно подолго:

„Навистина уживав во Red Bull досега и одлуката за продолжување на соработката до 2028 година беше многу едноставна. Го сакам овој тим и минатата година беше неверојатна во секој поглед – откако му се приклучив на тимот во 2016 година. Главната цел беше да ја освоиме титулата, а сега кога го постигнавме тоа, најголемата цел е да го задржиме овој број 1 на болидот што е можно подолго“, вели Верстапен.

Кристијан Хорнер накратко прокоментира како тие обезбедиле врвен возач на долг рок, дури и за периодот по 2026 година, кога Red Bull планира да произведува свои погонски единици.

„Со потпишување на Договорот со Макс до 2028 година, покажавме што сакаме да постигнеме на долг рок и кои се нашите цели во наредните сезони. Наша краткорочна цел е да ја задржиме титулата во тимот, но исто така покажавме дека сакаме да бидеме дел од најдобрите тимови во Formula 1 на долг рок. Бидејќи погонските агрегати на Red Bull ќе бидат дел од новите правила за погонските единици од 2026 година, сакавме да обезбедиме врвен возач кој ќе ги вози овие нови болиди, а тоа сега го направивме со Макс“, заклучува Хорнер.