Норвешка: Електричните возила со 77,5 % удел во продажбата на нови автомобили во септември
Побарувачката за електрични автомобили произведени од Tesla ја „подбутнале“ продажбата во Норвешка на ниво близу 80 проценти од вкупната продажба на автомобили минатиот месец
Оваа земја е глобален лидер во транзицијата кон електрични возила и сака да стане првата во светот која ќе ги исфрли автомобилите со бензин и дизел гориво до 2025 година.
Според податоците на Норвшката федерација за патишта, електричните возила на батерија сочинувале 77,5 проценти од сите продадени нови автомобили во септември. Во истиот месец минатата година, процентот бил 61,5 проценти.
Најпродаван модел бил Tesla Model Y со удел од 19,8 проценти, а потоа следи Model 3 со 12,3 проценти. Електричната Škoda Enyaq е на третото место со 4,4 проценти учество во продажбата. Tesla го претстави моделот Y во март 2019 година, и овој автомобил неодамна стана достапен за европските клиенти.