Тимот од Вокинг стана првиот тим кој забележа двојна победа во 2021 година, со Даниел Рикиардо пред Ландо Норис во Монца

Но, и покрај радоста од тој триумф, директорот на тимот Андреас Сеидл е јасен во одност на тоа што треба да направи тимот за понатамошниот напредок. Холандското ГП, една недела пред Монца, беше пример за тоа.

„Гледајќи ги Mercedes и Red Bull, тие имаат болид кој може да се бори за победа секој викенд. Тоа е негативната страна што ја имаме како тим во однос на нив, така што јас не сум премногу фокусиран на двојни победи или било што друго“.

 

„На крајот, тоа беше сензационален резултат за нас, но само седум дена пред тоа бевме „уништени“ во Зандворт во однос на перформансите“, објаснува Сеидл.

Андреас додава дека победата ќе го подигне расположението во тимот и дека тоа е доказ за напредок:

„Тоа е најдобрата мотивација за понатаму. Очигледно сум многу задоволен од она што го покажаа двата возачи, и многу сум среќен што Даниел направи позитивни чекори по летната пауза и се врати таму каде што сака да биде и каде што сакаме да биде“.

Иако Mclaren напредуваше во конструкторскиот пласман, завршувајќи ја минатата година како трет најдобар тим, немаше победи уште од далечната 2012 година.

Но, иако ривалите како AlphaTauri, Racing Point и Alpine извојуваа победи во последните години, Сеидл вели дека ситуацијата никогаш не го изнервирала:

„Не е фрустрирачки да ги гледаш другите како победуваат, бидејќи на крајот, ако победиш на трка, го заслужуваш тоа“, вели Сеидл.