Спринт трките во Formula 1 се поблиску до реализација
Formula 1 е на пат да ги потврди плановите за спринт трките, откако е постигнат договор со тимовите за финансиските услови
Како што е веќе познато, елитниот мото-спорт сака да испроба нов формат на тркачки викенд со спринт трки што би ги замениле тековните квалификациски сесии, кои се одржуваат во сабота попладне.
Иако сите 10 тимови го поддржаа овој концепт, финансиските импликации од натпреварувањето во три дополнителни рунди предизвикаа сопнување, спречувајќи понатамошен напредок во реализација на плановите.
Проблемите се предизвикани од воведувањето на строгата граница за буџетите на тимовите од 145 милиони долари за оваа година, во рамките на која тимовите мораат истовремено да развиваат болид за 2021 година, како и хардвер за комплетно новиот пакет на правила за 2022 година.
Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, ги објасни овие тешкотии пред трката во Бахреин, коментирајќи:
„Ние едноставно, немаме утврдени рамки, а потоа дознаваме дека има дополнителни половина милион фунти или повеќе, кои мора да ги пронајдеме во ограничениот буџет. Тоа може да значи дека повторно ќе треба да „создадеме“ вишок на луѓе, што не е патот по кој сакаме да одиме“, вели Тото Волф, шефот на F1 тимот на Mercedes
Се разбира, Тото Волф има тенденција да се жали на што и сешто, а финансиските договори меѓу сопствениците на F1, Liberty Media и тимовите се постигнати, иако деталите допрва треба да бидат потврдени во следните недели.
Иако е за промени, шефот на Red Bull, Кристијан Хорнер вели дека постои одредена „опасност од губитоци“ преку воведување на дополнителна трка за време на викендот.
„Мислам дека треба да му дадеме шанса на новиот формат. Ние сме заинтересирани да го видиме, но она што не можеме да го игнорираме е фактот дека управувањето со овие болиди е исклучително скапо, затоа е неопходно да се најде решение за справување со тој проблем, особено во сезона кога ограничениот буџет има значително влијание врз нашата работа“.
Шефот на тимот на McLaren, Андреас Сеидл додава:
„Постојат неколку различни начини за решавање на тековните дискусии. Како и секогаш, не е лесно да се придобија 10 опортунистички тимови за иста работа“, додава шефот на McLaren, Андреас Сеидл.
Што се однесува до финансиското влијание кое би го имале дополнителните трки, Сејдл вели: „Тие влијаат на прилагодување на буџетското ограничување во зависност од бројот на трки, така што тоа навистина не го решава прашањето“.