Seat се подготвува за премиерата на две значајни новини

Моделите Ibiza и Arona се многу важни за Seat. За Ibiza со продадени шест милиони примероци од лансирањето во 1984 година премногу зборови и не се потребни, исто како и за Arona, која ја зазеде позицијата на втор најпродаван Seat од нејзиното лансирање во 2017 година.

Шпанската марка сега најавува значително ажурирани модели. Светската премиера е закажана за 15 април во 22 часот. Дотогаш ќе мора да се задоволиме со она малку што ни се нуди. Многу е веројатно дека иновациите се базираат на детали и ревидиран ентериер, а потоа и на некои технолошки иновации за двата модели. Во секој случај се очекува сè што веќе е видено од најновите новини на концернот VW.