Новата реклама за ID.4 најверојатно нема да им се допадне на Јапонците

Американската филијала на Volkswagen заработи многу критики во последната недела по неуспешната првоаприлска шега за промена на името на компанијата. Ова донекаде го сврте вниманието на јавноста од неколкуте нови реклами за електричниот ID.4, кој германскиот производител се обидува да ги промовира во САД.

Најновиот клип од 30 секунди раскажува за тоа како VW ID.4 е „подобар за вашето семејство“, но и за тоа како безшумноста на моделот овозможува на луѓето „да уживаат и да ги слушаат слатките звуци на природата“. Сето ова е одлично сè додека во видеото не се појави Subaru Outback, кој ја нарушува „музиката“ на мајката природа со моторот со внатрешно согорување.

Отвореното „закачање“ од страна на Volkswagen со сопствениците на Subaru, особено преку пораката „Ја сакам природата“, се гледа и од фактот што јапонскиот модел е прилично валкан, додека германскиот теренец блеска со чистота. Ова е јасен показател за разликата помеѓу електричните возила и оние со мотори со внатрешно согорување.

Засега, сепак, разликата во продажбата е доста сериозна, особено на американскиот пазар. Во првиот квартал, Volkswagen продал вкупно 58.000 свои автомобили, претежно со мотори со внатрешно согорување. Во исто време, резултатот на Subaru е 139.000 бензински автомобили, но јапонскиот производител сè уште нема електричен модел во својата гама.