Американскиот General Motors планира да претстави над триесет нови електрични возила до 2025 година, а за да ја убеди јавноста дека доаѓаат големи промени, најголемиот американски производител го промени логото

Интересно, за компанија која постои од 1908 година ова е само четврти пат како се интервенира на дизајнот на логото.

Како што може да се видите на една од приложените фотографии, првото лого е релативно едноставно, испишано „General Motors Company“, но очигледно имало премногу букви за едно лого.

По триесет години следи она со букви „GM“ и напишано име на компанијата, за да последната промена биде во 1964 година. За 2022 година, малите букви се наоѓаат во бокс, а поради некоја причина е подвлечена буквата „m“.

На Интернет се појавија и гласини дека брендот може целосно да го смени името од General Motors во Ultium по новата платформа за електрични истоимени модели.

Ова доби на важност минатата година кога еден експерт за автомобилската индустрија даде таков предлог, а претседателката на американскиот гигант Мери Бара објави дека „General Motors“ не се спротивставува на ваквата потенцијална идеја. Сепак, таа забележува дека моментално вниманието е насочено на модернизирање на гамата на автомобили, а за името на марката ќе се дискутира подоцна.