Кој производител произведува најмногу автомобили во минута?
Toyota е лидер и според парите заработени за 60 секунди
Изданието Money Shake изработило ранкинг на производителите на автомобили според бројот на автомобили произведени во една минута. Според податоците со кои располага изданието, јапонската Toyota е најефикасна од сите, со 19,9 автомобили кои излегуваат од монтажните линии за 60 секунди.
Веднаш по Toyota е Volkswagen со 19,8 автомобили, но тука спаѓаат и автомобили од други брендови на германскиот концерн, вклучувајќи ги Audi, Škoda, Seat и други. На трето место е Hyundai но со сериозна разлика во бројки – 13,7 возила во минута.
Топ 10 производство на автомобили во минута:
- Toyota / 19,9 авт/мин.
- Volkswagen / 19,8 авт/мин.
- Hyundai / 13,7 авт/мин.
- General Motors / 13 авт/мин.
- Ford / 12,2 авт/мин.
- Nissan / 11 авт/мин.
- Honda / 10 авт/мин.
- FCA (Fiat-Chrysler) / 8,8 авт/мин.
- Renault / 7,9 авт/мин.
- PSA (Peugeot-Citroen) / 6,9 авт/мин.
Земјата каде што се произведуваат најмногу автомобили во минута е Кина – 48,6, која воедно е лидер и кај електричните возила. Оваа листа ја предводи Tesla со 42 единици, а потоа следат BYD – 26, BJEV – 18, BMW – 15 и NIssan – 10.
Аналитичарите ја пресметале и добивката што производителите ја остваруваат во минута, а тука повторно лидери се Toyota и Volkswagen.
Топ 10 според профитот од произведени автомобили во минута:
- Toyota / 533.676 долари
- Volkswagen / 523.592 долари
- Daimler / 359.970 долари
- Ford / 285.198 долари
- Honda / 270.928 долари
- General Motors / 261.035 долари
- SAIC / 230.403 долари
- FCA / 230.403 долари
- BMW / 221.842 долари
- Nissan / 183.219 долари
- Hyundai / 172.184 долари
- Peugeot / 159.056 долари