Луис Хамилтон позитивен на Covid-19
Mercedes oстанува без Луис Хамилтон на трката за ГН на Бахреин која ќе се одржи викендов, откако е утврдено дека седумкратниот светски шампион е позитивен на Covid-19
Во согласност со протоколите за COVID-19 и насоките на органот за јавно здравје во Бахреин, Луис мора да биде изолиран, а сите контакти се регистрирани.
Британецот е третиот возач во Formula 1 со позитивен тест за Covid-19 оваа сезона, по Серхио Перез во Силверстоун и Ленс Строл во Германија.
Наскоро се очекува Mercedes да именува замена за Хамилтон.
На Хамилтон му е потребен негативен тест пред да му биде дозволено да се врати во падокот, односно последната трка во сезоната во Абу Даби.