Volkswagen ID.3 најпродаван во Европа помеѓу електричните модели
Според податоције на агенцијата Jato Dynamics, минатиот месец во Европа се продадени 1.127.624 нови автомобили, што е за 7% помалку од октомври 2019 година,.
26,8 проценти од вкупниот број продадени нови автомобили биле со некаков вид на електрифициран погон, додека најпродавани електрифицирани автомобили во октомври биле таканаречените благи хибриди, кои сочинуваат 32% од вкупно продадените електрифицирани возила.
Продажбата на хибридни возила во октомври била помала отколку во истиот месец минатата година, но учеството на plug-in хибридите се зголемилои од 21% на 24%, додека регистрацијата на целосно електрични модели се зголемила од 21% на 25%.
Најпродаваниот целосно електричен модел во октомври е Volkswagen ID.3, со продадени 10.475 примероци. На второ место е Renault Zoe со 9.778 единици, а на трето е Hyundai Kona Electric со 5.261 примероци.