Премиерата е закажана за 4 ноември

Volkswagen со прва официјална фотографија го најави новиот Golf R. Светската премиера на хечбекот со погон на сите четири тркала, која производителот ја дефинира како најмоќна во историјата на моделот, ќе се случи на 4 ноември.

Фотографијата на новиот Volkswagen Golf R не се фокусира на самиот автомобил, туку на логоата лоцирани на задната врата, кои се нови. Ова се однесува и на главното лого и на буквата R, која ги означува сите спортски верзии на марката. За првпат беше поставена на кросоверот Atlas Cross Sport R-Line во октомври минатата година.

Засега нема технички детали, но познато е дека новиот Golf R ќе добие 2.0-литарски турбомотор со 4-цилиндри EA 888 и „иновативен систем 4х4 со можност за контрола на вртежниот момент на задните тркала“. Управувањето со трансмисијата  е доделено на системот Vehicle Dynamics Manager, кој ќе комуницира со другата електроника – било да е тоа имитација на заклучување на предната оска XDS или адаптивна суспензија DCC.

Според гласините, моќноста на петтата генерација на VW Golf R ќе биде околу 330 КС. За споредба, сегашниот хечбек развива 310 КС и од 0 до 100 km/h забрзува за 4,6 секунди. Не е исклучено моторот да биде како оној во Arteon R, што значи 320 КС и 420 Nm.

Во секој случај, ова ќе биде најмоќниот Golf во историјата на моделот, како и „најдигиталниот“, бидејќи ќе понуди огромни можности за поврзување. Како и кај претходната генерација, моделот ќе биде достапен и во караванска верзија.