По Португалија, овој викенд повторно се вози на патека од блиското минато на Formula 1

Овој викенд помина без стандардните петочни слободни тренинзи, така што ќе има доста гужва на саботниот од 10.00 до 11. 30 часот. Соодветно на тоа, намален е и бројот на достапни гуми, па така наместо стандардните 13, тимовите ќе имаат по 10 комплети гуми на располагање за секој возач за време на викендот – два комплети тврда, два комплети средно тврда и шест комплети мека компонента. Патеката е ново асфалтирана од последната трка во Formula 1 (2006 година), што значи дека површината генерално е прилично мазна и не прави премногу „стрес“ за гумите. Затоа, се избираат гуми од среден опсег што ги исполнуваат просечните барања на таквите патеки. Сепак, површината е сè уште прилично нерамна и има незгодни рабници, што значи дека е важно да се најде оптималниот сетап на возилото и оптималната линија на возење. Тимовите, освен донекаде AlphaTauri, немаат скоро никакви податоци на кои можат да сметаат при сетирање на болидот.

Она што треба да се знае е дека патеката е малку поинаква во однос на минатото (ја нема шиканата преку која се влегуваше во стартно-целната рамнина – тој дел е премостен и сега се вози со полн гас), а можноста за претекнување е многу ограничена и има само една DRS зона.

Според временската прогноза, дожд не се очекува, а ќе нема ниту гледачи иако првобитно беа најавени. Сепак ситуацијата во Италија со пандемијата на коронавирус тоа не го дозволува.

Најмногу победи има Михаел Шумахер (7), иако се водат како победи за ГН на Сан Марино, а освен Кими Раиконен, никој од сегашните возачи овде не возел трка во Formula 1. Сепак, многумина од нив на оваа патека возеле во јуниорска или пониска серија, а тимот на AlphaTauri промотивните видеа за оваа година ги има снимено токму на оваа патека која е на десет минути возење од нивното седиште во Фаенца.

Распоред:

Сабота
Слободен тренинг 10: 00-11: 30 часот
Квалификации 14: 00-15: 00 часот

Недела
Трка 13:10