Леброн Џејмс за титулата во NBA се почести со нов автомобил / ФОТО
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата и генерално на сите времиња си купи нов автомобил
Леброн Џејмс и Los Angeles Lakers се нови шампиони во NBA лигата, а Леброн ја освои и титулата MVP на финалната серија
После тешката серија од 6 натпревари и 17. титула за Los Angeles Lakers, Леброн Џејмс решил да се почести со нов автомобил, а изборот паднаl на Mercedes-Maybach G650 Landaulet.
Ова е најлуксузната G-класа на сите времиња, а произведена е во само 99 примероци. Станува збор за автомобил висок 2,2 метри, што дефинитивно уште повеќе го привлекло Леброн со оглед на неговата висина, а моделот не заостаниува ниту според перформансите.
Го придвижува 6.0-литарски V12 мотор кој може да испорача 630 КС и 1000 Nm максимален вртежен момент. Не е познато колку Џејмс издвоил за овој автомобил, но сличен неодамна на аукција достигна цена од 1,4 милиони долари.