„Тажен сум и лут, направив сè за да го почитувам протоколот“, беше коментарот на Валентино Роси по позитивниот тест на Covid-19!!!

Возачот на Yamaha нема да вози во Арагон овој викенд, а под голем знак прашалник е и следниот тркачки викенд.

За жал, се разбудив утрово и не се чувствував добро“, објави вчера Роси на социјалните мрежи. „Ме болеа коските и во неколку наврати имав треска. Веднаш повикав доктор. Направивме два теста: резултатот од брзиот тест за PCR беше негативен, како оној во вторникот. Но, вториот, чиј резултат дојде во 16:00 часот, за жал е позитивен“.

„Навистина жалам, ќе го промашам Арагон, а најверојатно нема да можам да возам ниту следната недела. Јас сум тажен и лут, направив сè за да го почитувам протоколот. Иако бев негативен во вторникот, јас сум во изолација откако се вратив од Ле Ман. Сега не можам многу, само се надевам дека наскоро ќе се чувствувам подобро“, напиша Роси на својот Twitter профил.