Официјално: Себастијан Фетел од следната година во Aston Martin!
Шпекулациите добија официјална разврска
Фетел го напушта Ferrari на крајот од оваа сезона, но четирикратниот светски шампион сепак нема да замине во пензија. Место во Racing Point му отвори заминувањето на Серхио Перез.
Од тимот на Racing Point велат дека со 33-годишниот Германец потпишале Договор за 2021 година и понатаму. Тие велат дека тоа е „јасен показател за тимските амбиции и дека сакаат да се наметнат како едно од најконкурентните имиња во спортот“.
BREAKING: Sebastian Vettel signs for Aston Martin for 2021 and beyond #F1 pic.twitter.com/z2ZmvVxNmE
— Formula 1 (@F1) September 10, 2020
„Мило ми е што конечно можам да споделам возбудливи вести за мојата иднина. Јас сум исклучително горд што станав возач на Aston Martin за 2021 година “, вели Себастијан Фетел. „Тоа ќе биде нова авантура за мене со една навистина легендарна автомобилска компанија. Импресиониран сум од резултатите што тимот ги постигна оваа година и верувам дека иднината е уште посветла. Енергијата и посветеноста на Лоренс Строл кон овој спорт се инспиративни и верувам дека заедно можеме да изградиме нешто многу посебно. Сè уште имам голема љубов кон Formula 1 и единствената мотивација ми е да се тркам на горниот дел од поредокот. Да се стори тоа со Aston Martin ќе биде огромна привилегија“.
Веќе неколку месеци е познато дека Фетел го напушта Ferrari на крајот од оваа година и дека на неговото место ќе дојде Карлос Саинц Јуниор. Се чинеше дека во Racing Point всушност нема место за Германецот затоа што Серхио Перез имаше долгорочен договор, а другиот возач е синот на Лоренс, Ленс Строл.
Сепак, вчера Перез објави дека ќе го напушти Racing Point на крајот од сезоната, a тоа беше јасен знак дека вратата за доаѓањето на Себастијан е широко отворена.
CONFIRMED: Four-time @F1 World Champion Sebastian Vettel signs up for 2021 and beyond ?️
Get the full story right here ⬇️https://t.co/zI8JeBEemc #F1
— BWT Racing Point F1 Team (@RacingPointF1) September 10, 2020
„Сите во Силверстоун се многу возбудени од оваа вест. Себастијан е докажан шампион и со себе носи победнички менталитет што одговара на нашите амбиции за иднината на F1 тимот на Aston Martin“.
Што се однесува до резултатите од оваа година, Мексиканецот пропушти две трки, но досега успеа да освои 34 поени, додека Фетел минува низ ужасна сезона со Ferrari и има само 16 поени на своето конто по првите осум трки.