Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон, влезе во историјата на Formula 1 како прв возач кој победил на најмногу трки водејќи од почеток до крај

Сега, Британецот е сам на врвот на оваа листа со 20 такви доминантни трки, една повеќе од легендарниот Бразилец, Аиртон Сена. По нив следуваат Себастијан Фетел со 15, Џим Кларк со 13, потоа Џеки Стјуарт и Мајкл Шумахер со по 11.

Севкупно, 35-годишниот Хамилтон досега славл на 87 трки и шест пати е Formula 1 шампион. Му фали уште една титула за да се изедначи со Михаел Шумахер.