Адреналин до „коска“: Трка на три Lamborghini модели / ВИДЕО
Нова трка за забрзување во режија на британскиот Carwow
На црта овој пат се три „ѕвера“ со ознаката на Lamborghini: Aventador, Urus и Huracan. Што мислите кој е најбрз?
За импесивноста на Urus многу е кажано: со тежина од 2200 килограми, автомобилот достигнува 100 km/h за 3,6 секунди, од 0 до 200 km/h за 12,8 секунди, а максималната брзина е 305 km/h. Под капакот носи 4.0 twin-turbo V8 кој испорачува 650 КС и 850 Nm.
Моделот Aventador SV Roadster се напојува со атмосферски 6.5-литарски V12 со 770 КС при 8.500 врт/мин. Максималниот вртежен момент е 720 Nm и се постигнува при 6.750 врт/мин. Овој двосед од 0 до 100 km/h стигнува за 2,9 секунди.
Третиот Lamborghini модел, Huracan Perfromance, има централно поставена атмосферска 5.2-литарска V10 единица, со нешто помалку „коњски сили“ од Huracan EVO AWD, односно 610 КС (449 kW) и 560 Nm максимален вртежен момент на задните тркала.
Навистина одлична трка, полна со возбуда и адреналин.