Симболично, Bentley за премиера на својот супер-луксузен кабриолет го избра францускиот Сен Тропе

„Кривецот“ за овој ексклузивен Bentley Continental GTC е специјалниот оддел Mulliner.

Луксузниот кабриолет е украсен со бројни елементи што го носат потписот и печатот на овој оддел, вклучувајќи ги и уникатните 22-инчни тркала и специјално дизајнираниот ентериер на возилото.

Клиентите можат да изберат една од осумте тробојни комбинации на ентериерот на автомобилот, додека опсегот на бои за надворешноста е проширен на дури 88 нијанси, а помеѓу опциите со доплата се и врвен 20-канален аудио систем со 18 звучници и 2.200 вати.

Bentley Continental GTC Mulliner може да се нарача во две погонски верзии.

Основниот модел се придвижува со 4.0 twin-turbo V8 кој овозможува забрзување од 0-100 km/h за 4,1 секундi и максимална брзина од 318 km/h. Тука е и верзијата со 6.0-литарски W12 кој гарантира дека автомобилот до 100 km/h стигнува за само 3,7 секунди, пред да се стигне до максималните 333 km/h.