Неодамна претставениот целосно нов Ford Bronco очигледно го привлекол вниманието на голем број луѓе со оглед на тоа дека Ford веќе има примено дури 230.000 нарачки, а се верува дека побарувачката ќе продолжи да расте

Интересно е што Ford првите испораки ги најави дури за следната пролет, така да многу клиенти дефинитивно ќе треба да почекаат за испорака се до 2022 година.

Ова е навистина реткост во последно време со оглед на ситуацијата во автоиндустријата генерално, иако таква побраувачка владееше за одредени модели на Tesla. Некој кој може да се пофали со слични бројки кога станува збор за теренци е Jeep кој минатата година има продадено околу 220.000 примероци од моделот Wrangler.

За оние кои незнаат, побарувачката секако не е одраз на тоа дека моделот е ефтин, напротив. Основната верзија со две врати чини 28.500 долари, а верзијата со две врати плус 30.000 долари.