Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси договори нова, двегодишна соработка со тимот на Petronas Jamahа

Официјалната потврда за соработката ќе биде објавена пред воведната трка во MotoGP шампионатот на 19 јули во Херез.

По неколку месеци преговори, договорот е конечно постигнат. Интересно е тоа што договорот ќе биде потпишан до 2022 година, што значи дека Роси ќе вози и на 43-годишна возраст.

Актуелниот договор на Роси со фабричкиот тим на Yamaha истекува на крајот од оваа сезона, а неговото место ќе го заземе Фабио Квартараро.

Тимски колега на Роси во Petronas Yamaha ќе биде Франко Морбидели, првиот студент во неговата Академија кој стана светски шампион во серијата Moto2 во 2017 година.