Ново Lamborghini кое чини повеќе од 3 милиони евра, а веќе е распродадено
Специјалните серии на модели од „егзотичните“ производители одлично поминуваат кај колекционерите, така што сите копии се распродаваат веќе при првата објава. Истото е и во овој случај
Станува збор за „топлес“ издание на најмоќниот и најексклузивен модел на Lamborghini. Sian Roadster ќе се произведe во само 19 примероци, а секој од нив е со цена не помала од 3,2 милиони евра. За оние кои не знаат, Coupe едицијата од 63 примероци беше исто така експресно распродадена.
Интересно е што ексклузивниот Lamborghini под капакот го носи атмосверскиот бисер, 6.5 V12, кој во комбинација со системот 48V испорачува 819 КС. Да, хибридниот систем од 33 КС е тука, и благодарение на него, Sian Roadster тивко ќе се паркира и ќе вози во рикверц.
Најголемата иновација е т.н. супер-кондензатор кој е трипати посилен од Li-Ion батерија со иста големина, но исто така и три пати полесен. Затоа, целиот електричен дел во овој автомобил заедно со споменатиот електромотор и супер-кондензатор тежи вкупно само 34 килограми. Да споменеме дека се полни со регенеративно сопирање, а при брзина помеѓу 80 и 130 km/h овозможува 10% побрзо забрзување.
Се разбира, не е се во перформансите, бидејќи можете да го добиете истото за значително помалку пари. Но, овде, клиентите се привлечени од оние дизајнерски вредности што го прават моделот толку ексклузивен. Така, производителот ја споменува врската со Countach вклучувајќи ја Periscopio линијата која завршува во струјниот елемент и потоа завршува на шест шестоаголни светла.
Активните елементи на аеродинамиката вклучуваат крилца. Некои од нив се активни – направени се од температурно чувствителен материјал и реагираат на топлината генерирана од издувните гасови. Така, кога ќе се достигне одредена температура, ќе се изротираат и ќе го насочат воздухот кон моторот за подобро ладење.
Нормално, Lamborghini ќе ја исполни секоја желба на секој клиент преку програмата Ad Personam. Изборот на бои и материјали нема крај, а можно е да се вметнат иницијалите на сопственикот на одделни делови на возилото со 3D принт.