Премиерниот производ ќе биде најбрзата јахта досега изградена

Познатиот италијански производител на автомобили ги здружи силите со италијанскиот производител на пловила The Italian Sea Group и претстави нов проект – Technomar for Lamogrhini 63

Technomar for Lamogrhini 63 ќе се придвижува со два мотори MAN V-12, од кои секој произведува по 2.000 коњски сили. Доволно оваа јахта да оди и над 110 километри на час, што е скоро па лудо за комерцијално пловење. Јахтата сигурно ќе постави некои нови стандарди или можеби цела нова класа луксузни пловила, слично на супер-автомобилите во автомобилската индустрија.

Секако, тоа ќе биде и најбрзата јахта на светот.

Оваа суперјахта ќе биде изработена од карбонски влакна, така што ќе биде и ултралесна, односно со нејзините 20 метри ќе тежи само 24 тони.

Трупот и палубата на бродот се дизајнирани од инженери специјализирани за хидродинамика, а ќе бидат изработени од материјали со високи перформанси.

Цената на ова чудо од јахта сè уште не е истакната, но ќе биде достапна за купување веќе во 2021 година.