Петина од француските возачи изјавиле дека „не се баш истата личност кога возат“

Француските возачи го делат првото место со грчките колеги во неславниот рекорд на изрекување навреди при возење, при што дека е така признале 70% од испитаниците, според новото истражување за навиките на возачите во Европа. Споредбено, во Шведска тоа го прават само 34 проценти од возачите.

Во истражувањето учествувале возачи од 11 европски земји: Франција, Германија, Белгија, Шпанија, Велика Британија, Италија, Шведска, Грција, Полска, Холандија и Словачка.

Петина од француските возачи изјавиле дека „тие не се баш иста личност кога возат“, но само шест проценти се сметаат себеси за агресивни на патот, според истражувањето на Институтот за истражување на јавното мислење Ipsos за патниот оператор Vinci Autoruts.

Според истражувањето, околу 88 проценти од возачите низ европските земји признале дека забораваат на максимално дозволената брзина, а кај Швеѓаните бројката оди до дури 92 проценти.

ЕУ неодамна објави дека на патиштата ширум Унијата во 2019 година загинале околу 22.800 луѓе.