Фотографиите се појавија на социјалната мрежа Инстаграм

Разликите се минимални и се сведуваат на нови светла и браници, кога станува збор за надворешноста. Фотографиите вклучуваат и компаративни фотографии помеѓу различни пакувања на опрема. Најголема промена се новите фарови, со иста форма, но далеку помодерен дизајн на внатрешните елементи.

Дизајнот на новите браници е идентичен со оној на ресталираната Серија 7. Задниот дел од автомобилот претрпел мали, речиси незабележливи промени, во форма на нов дифузер и веројатно нов дизајн на светлата, што не е видливо на овие фотографии.

Лансирањето на моделот се очекува ова лето или во првите денови од оваа есен.