Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 9,18%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 16.03.2020 година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 5,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 16.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 49,50 ден/лит. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 4,50 денари/литар во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 16.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 16.03.2020 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 34,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,195 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 18,738 ден/кг.