Претпазливо, бидејќи некои од овие средства можат да направат и значителна штета

Средствата за дезинфекција деновиве се на врвот на листите за пазарење на сите нас, а со нив често може да се одржува и хигиената во внатрешноста на автомобилот. Бидете претпазливи. Многу од овие производи помагаат да се елиминираат повеќето габи, бактерии и вируси, но содржат и супстанции кои можат трајно да оштетат разни делови од внатрешноста на автомобилот.

Добро за кожа

На пример, многумина најпрво ќе се обидат да ја исчистат внатрешноста со првото нешто што го имаат при рака, како што се влажните марамчиња, но бидете свесни дека тие често содржат алкохол, кој е крајно штетен за внатрешноста на автомобилот. Ова особено важи за кожата, со која често се обложени воланот и менувачот, а често и седиштата. Средствата базирани на алкохол значително ја сушат кожата, што ја прави подложна на оштетување и пукање. Ако ентериерот веќе е дезинфициран со такви средства, препорачливо е да се освежи со таканаречени регенератори на кожа.

Од друга страна, многу експерти истакнуваат дека е добро да се користат производи базирани на сапун при чистење на ентериерот. Како што е тоа случај со миењето на рацете со сапун, ситуацијата е иста и во автомобилите. Сапунот брзо ги разложува вирусите и бактериите и, всушност, ги убива, па затоа се препорачува да се користат влажни марамчиња, најдобро оние кои се направени за чистење во автомобилите. Повеќето од овие марамчиња содржат и хидратантни материи кои се добри за кожата.

При чистењето препорачливо е темелно да го исчистите воланот, менувачот и рачната сопирачка, но и детали кои многумина често ги забораваат. Тука, пред сè, се мислие на мултимедијалниот систем, ретровизорот, внатрешните ретровизори, држачите за раце и капакот на резервоарот. Само е важно да се знае дека ако се користи некое од горенаведените средства, секогаш е добро потоа да се избрише сè сува крпа.

Добро и ефтино

Доколку е потребно подетално чистење или дезинфекција на внатрешноста на автомобилот, постојат уште две добри и релативно ефтини решенија. Спрејот за чистење на климатизацијата, кој не е скап по правило, е многу ефикасен при дезинфекција на ентериер. Бидејќи целиот процес се одвива со помош на вентилацијата, а спрејот се прска во средината на автомобилот, секој дел од ентериерот ќе биде дезинфициран и лошите мириси ќе бидат елиминирани. Друго решение, кое во исто време е најефикасно, е дезинфекција на ентериерот на автомобилот со озон. Озонот е најсилниот природен стерилизатор кој продира во површината на самиот материјал, така што хемиски ги уништува сите микроорганизми.

Чистењето со влажни марамчиња и регенератор на кожа е доволно во повеќето случаи, но ако во автомобилот се возело заразено лице, се препорачува потемелно чистење со озон.

Loading...