
50% од новите автомобили по 15 години ќе бидат електрични
Овој напредок зависи од три групи фактори
За 15 години, електричните автомобили ќе бидат половина од продажбата на нови автомобили во светот. Прогнозата е на DNV GL, според која, највозбудливите времиња за електричните автомобили сеуште не се дојдени, бидејќи во случајов станува збор за 20 пати зголемена продажба.
Според компанијата, факторите за забрзување на продажбата се неколку, но најважните се: намалување на нивните цени, продолжување на автономијата со едно полнење и подобрување на инфраструктурата за полнење.
Многу аналитичари се согласуваат дека по неколку години, кога на пазарот ќе излезат сериските електрични модели на барем неколку гиганти (како VW и Ford), тогаш цените на електромобилите ќе биде пропорционална со онаа на дизелите, дури и многу од владите да се откажат од субвенциите што сега им ги даваат на своите граѓани за купување на еколошките возила. Во исто време, сепак, е можна и промена на политиките во друга насока – зголемување на субвенциите и бонусите заедно со зголемување на продажбата на електрични возила.
Следниот технолошки пробив во развојот и амортизацијата на батериите, исто така, ќе придонесе за подобрување на масовното користење на електричните автомобили. Во моментот кога сериските модели на пазарот ќе имаат реална километража од околу 600-800 километри со едно полнење, тогаш тие ќе бидат вистински ривали на автомобилите со бензински и дизел мотори, сметаат независните аналитичари.
И не на последно место – прво ќе бидеме сведоци на зголемување на инфраструктурата за полнење – прво во Западна Европа и Северна Америка, што ќе претставува важен чекор напред.