2023 Ј.D. Power студија за доверливост на автомобилите: Lexus и Kia предводници на листата
Резултатите од овогодинешното издание на студијата за доверливост на автомобилите на J.D. Power (J.D. Power Vehicle Dependability Study / VDS) се чини дека се очекувани
А тоа значи дека Lexus се враќа на врвот, враќајќи ја титулата од Kia. Корејскиот бренд не паднал многу во рангирањето. Kia e на одличното трето место и здобиен статус на најсигурен непремиум бренд. Меѓу Lexus и Kia е корејскиот премиум бренд Genesis.
Потоп на европските брендови
15 марки се над индустрискиот просек од 186 пријавени дефекти на 100 автомобили. Внимавајте на следново, најдобро позиционирана европска марка е Mini на 9-то место, а единствената марка од Европа која се уште останува над просекот е BMW.
Сите други се полоши од просекот. А тоа ги вклучува Porsche, Volvo, Volkswagen, Jaguar, Mercedes и Audi, кој дефинитивно е разочарување со третото место одзади. Донекаде очекувано, на самото дно е Land Rover, чија доверливост на производите со години не е силна страна.
Запомнете ги овие модели
Ако се погледнат поединечните модели, секако треба да се запомнат најдобрите кои се нудат и на европскиот пазар. Апсолутни победници се Toyota C-HR и далеку поскапиот Lexus RX, кои го делат првото место во генералниот пласман.
Во доменот на компактните теренци победата е за Kia Sportage и Lexus NX во премиум конкуренцијата. BMW X3 котира високо, додека во сегментот на мали премиум теренци првите три места ги заземаат германските марки. Повторно очекувано бидејќи тука нема голема конкуренција.
Автомобили кои исто така ќе ги споменеме се Toyota Corolla и BMW Серија 4 како одлични во нивните сегменти.
Инаку, најголеми подобрувања за една година забележале RAM, Volvo и Nissan со значително помал број пријавени проблеми кај автомобилите.
Најчести дефекти
Ако се прашувате кои се најчестите дефекти кај автомобилите, одговорот е ист како што е веќе неколку години. Најмногу проблеми предизвикува инфозабавниот систем, дури 49,9 на 100 автомобили. На второ место е екстериерот, и тоа со двојно поголема зачестеност.
Tesla за прв пат влегува во студијата, но и не многу успешно. Сепак, брендот е изоставен од рангирањето поради лошата комуникација со производителот, особено во делот на споделување информации.
За потсетување, студијата се базира на тригодишното искуство на сопствениците кои го купиле својот нов автомобил во 2020 година. Годинава биле опфатени 20.062 сопственици.