Електричниот Taycan за време на тестирањата поминал 6 милиони километри, заедно со 10 милиони километри виртуелно тестирање

Електричниот седан на Porsche е во завршна фаза на тестирање пред официјалната премиера во септември, а продажбата на некои пазари почнува пред крајот на оваа година. Porsche Taycan се нашол на патиштата во дури 30 земји, за компанијата да се осигура дека може да се справи со сите климатски и патни услови.

Стандардно, Porsche направил тестови во Скандинавија во близина на Арктичкиот круг, во Јужна Африка и во Дубаи. Компанијата тврди дека температурите се движеле од -35 до 50 степени целзиусови.

„Пред Taycan да биде пуштен на пазарот до крајот на оваа година, ќе покриеме околу шест милиони километри тестови низ целиот свет. Веќе сега, ние сме многу задоволни што од тоа како се покажа автомобилот“, вели заменик-претседателот за моделни линии, Стефан Векбах.

Porsche, исто така, спровел и компјутерски тестови на Taycan, при што во виртуелниот свет автомобилот поминал уште 10 милиони километри. За целта послужил симулатор кој ја имитирал патеката Нирбургринг Нордшлајфе, а тест-возачите, наводно, успеале да извозат круг од помалку од осум минути.

Инаку, Porsche Taycan до „стотка“ ќе спринта за помалку од 3,5 секунди, а ќе може да помине 500 километри со едно полнење.

Од Porsche очекуваат дека новиот EV со сигурност ќе постигне комерцијален успех, бидејќи за него веќе има над 20.000 нарачки.